Новата колекција на GUESS пролет/ лето 2020 ја изразува заводливоста и свежината на универзумот на познатиот бренд, преку привлечните и тренди диоптерски очила.
Младешкиот и секси стил на очила за независни и уверени жени ја двои колекцијата со целосно нов дизајн и завршетоци. Аналогно на женската колекција, машката колекција на GUESS се карактеризира со лесни облици на форми кои го дефинираат современиот човек.
Ве покануваме да ја посетите Оптика Призма и да ја погледнете новата колекција за 2020та. Можеби во оваа колекција ќе ги пронајдете Вашите очила кои ќе го зачинат и потврдат Вашиот личен стил!
На наше огромно задоволство, имавме прилика да се дружиме со овие прекрасни гости, да поразговараме за важноста на видот и неговата заштита. Дружбата беше составена од многу прашања кои тие ни ги поставуваа. Дечињата сакаа да дознаат како се прават очила, за што служат тие, кога треба да се носат и како најдобро да го заштита својот вид. Среќата беше уште поголема кога тие ни ги презентираа нивните знаења како на пример како се вика докторот кој ги лечи очите, зошто се употребуваат очилата за сонце и кој најчесто носи очила со диоптер.
Нашиот тим имаше задоволство да ги запознае со оптометријата, да им го покаже начинот на изработка на оптички стакла, проверка на диоптер и поправка на очилата. Исто така, ги советувавме колку што можат помалку време да поминуваат користејќи мобилен телефон, таблет, компјутер или пак да гледаат телевизија, со цел нивниот вид да остане здрав, а им претставивме и очила без диоптер, кои се користат за заштита од штетните зраци продуцирани од електронските уреди (телефони, таблети и телевизори).
Силно ја поздравуваме идеата на тимот од ЈУДГ Буба Мара од О. Аеродром, и нејзините објекти/ клонови, да ги запознаваат дечињата уште од рана возраст со оптометријата, со цел да го заштитат својод вид.
Ги покануваме сите заинтересирани родители на бесплатна консултација и советување за заштитата на видот на своите најмили!