Оптика Призма СОВЕТУВА:

И додека #седимедома, не забораваме да ги заштитиме нашите очи и нашиот вид!

Сега кога имаме многу слободно време, седејќи дома и штитејќи го нашето здравје и здравјето на нашите најмили, имаме повеќе можност да ги користиме нашите телевизори, таблети и телефони...

Сите овие уреди зрачат модро-виолетова (сина) светлина. Докажано е дека таа светлина влијае лошо врз нашиот вид, и може да предизвика главоболка, заматен вид па дури и прогресија на диоптер.

За таа цел, светските реномирани производители на оптички стакла имплементираат технологии во изработката на стаклата за заштита од оваа светлина.

Некои од тие технологии се:

  • HMC - Hard Multi Coat со 4 слојна заштита - и тоа: заштита од гребење, слој за брзо одмаглување при промена на топла во ладна средина и обратно, редукција на светлината произведена од светлата на автомобилите кои доаѓаат во Ваша насока кога возитре, како и редукција на зрачењата од електронските уреди

  • Blue Light заштита - додатна заштита на претходните 4 слоеви, која го редуцира лошиот ефект од модрата/ сината светлина која ја емитираат уредите кои зрачат LED светлина како светилките во просториите, LCD/LED телевизорите, таблет уредите и SMART мобилните телефони. При користење на овој тип на оптички стакла, корисникот може да примети жолтеникава нијанса во неговиот вид. Тоа се случува поради овој тип на заштита. Постои една категорија на корисници, каде овие стакла можат да предизвикаат мал проблем, а тоа се оние луѓе кои работат графички дизајн и имаат потреба од прецизно нијансирање на бои (физички и преку компјутер или друг дигитален уред). Во овој случај, предлагаме проба на стаклото (со примерок од нашата оптика), со цел да се елиминира овој потенцијалне проблем, пред корисникот да набави ваков тип на стакла.

  • Заштита од UV зраци - некои оптички стакла ја нудат и оваа заштита. Имено, личноста која има потреба од секојдневно користење (носење) на диоптерските очила, често се изложува и на овој тип на зрачење продуцирано од сонцето и некои типови на светилки и електронски уреди. Во овој случај, предлагаме корисникот да размисли за оптички стакла кои би го вклучиле и овој тип на заштита на очите.

Овој тип на заштити не се карактеристика само на стаклата кои имаат диоптер. Напротив, трендот на набавување на очила со стакла без диоптер но со заштитни слоеви е во нагорна линија!

Во периодот кога се однесуваме одговорно кон себе и сите околу нас, и седиме дома, тимот на Оптика Призма е достапен преку телефонскиот број за контакт, како и преку социјалните медиуми Facebook, Instagram и Google Maps, преку пораки, подготвен да одговори на Вашите прашања и да обезбеди соодветна консултација со Вас за Вашата потреба.

Контактирајте нѐ!