Класичен модел од архивите на Ray-Ban, ова изразено овално освежување на стариот и добро познат “ Wayfarer“ е идеално за секојдневно опуштен кул стил.
Состав: ацетатна пластика.
Враќање во 70тите, овие вонстандардно големи квадратни рамки од метал умеат да свртат туѓ поглед, додека стојат удобно и сигурно на Вашето лице.
Состав: метал.
Ray-Ban® Round Metal диоптерските очила се тотално ретро. Овој дизајн низ годините е носен од легендарни музичари, инспирирани од контра-културата во 60тите, кога овој стил и се појавува. Унисекс моделот на Ray-Ban, се препознатливи по дефинираната изразито овална форма.
Состав: метал.
Класиците се чувствуваат нови за секогаш! А Clubmaster не е исклучок. Актуализирањето на ретро иконата нуди елегантен и современ изглед, преку целосно металните очила со лебдечки завршеток на долниот дел на стаклата.
Состав: метал.
Со нивната забележлива шестоаголна форма, овие ацетатни рамки ќе го променат Вашиот стил кој ќе предизвика повеќе погледи од тие околу Вас. Дефиниција за овој моде е СОФИСТИЦИРАНОСТ!
Состав: ацетат.
Како секоја ѕвезда која паѓа, така и Meteor остава трага. Паметен и истенчен изглед кој нуди елегантен профил со сите детали кои би ги очекувале од иконски модел на оптички рамки.
Состав: ацетат.
Моделот RB6335 е секогаш моќен потег. Овие исклучително цврсти оптички рамки, располагаат со гумен дел, вкрстен со забележувачки метални делови. Моделот уверува дека ќе биде сигурен облог на секој маж!
Состав: метал, гума.
Темелната издржливост, добива сосема ново значење: Подарете му моќ на Вашиот изглед со врвна еластичност. Тајната се вика Челик!
Дополнувајќи ја најдобрата генерација на метални рамки, овој модел инспириран од Clubmaster формата го врамува изгледот на модерната индивидуа која почитува добар предизвик.
Состав: метал, пластика.
Дизајн создаден за секојдневен стил, без разлика дали е елегантен, смарт или опуштен. Материјал со составни делови од гума, употребен за постигнување на издржливост, удибност и леснотија при носењето.
Состав: пластика, гума.
Запознајте ги рамките кои ги создадовме да се движат со Вас. Широк модел, предодреден да побуди чувство на удобност преку целиот ден и боја која ќе го разбие сивилото на секојдневието.
Состав: пластика, метал.
Лесни и дискретни а сепак впечатливи. Овој модел дозволува на Вашето лице да дојде до израз, дефинирајќи ги најфините контури преку впечатливата црвена боја и овалниот облик.
Состав: пластика, метал.
Почестете ги Вашите сетила со целосно нова икона на оптичка рамка. Впарувајќи тенок ацетатен дизајн со шестоаголната форма која ја обожувате, RB 7151 моделот е моќна комбинација на форма и функција. Совршен стил за оние со високо минусни рецепти, жицата на ацетниот раб врши одлична работа за криење на дебели стакла.
Состав: ацетат.
Унисекс модел кој ќе Ве врати низ времето, водејќи Ве низ новите стилови и светските трендови. Ултра лесни, издржливи и делумно впечатливи се дел од очекувањата од овој модел.
Состав: ацетат.