Ray-Ban ® RB4147 очилата за сонце се модерни и храбри, со поголемо, заоблено и квадратно видно поле (леќа) во пропионатни пластични рамки кои обезбедуваат максимална заштита од сонце, давајќи вистински Холивудски изглед. Доаѓаат во повеќе бои и варијанти.
Состав: Пропионатна пластика.
Ray-Ban Wayfarer е најпрепознатливиот стил во историјата на сончевите очила. Уште од нивниот прв дизајн во 1952, Wayfarer добија на популарност кај познатите личности како глумци, музичари и уметници, а посебно кај оние со беспрекорно модно сетило. До денес, овој модел е достапен во повеќе од 30 бои, комбинации на лаќи и форми, меѓу кои е и Wayfarer Fold моделот на расклопување.
Состав: Пластика.
Во моментов, еден од најиконските модели на очила за сонце во светот, Ray-Ban Aviator првично биле дизајнирани за Америчките авиатичари уште во 1937 година. Aviator е безвременски модел комбиниран од одличен авијатичарски стил со исклучителен квалитет, перформанс и комфорт. Достапен во голем број на големини, бои и типови на стакла.
Состав: Метал, стакло, пластика.
Wayfarer династијата продолжува со моделот Statestreet. Тој е елегантен со коцкест облик, составен од ацетат и достапен во неколку бои кои креираат современ стил.
Состав: Ацетат.
Вратете се во времето со Ray-Ban Round Metal моделот. Овие безвременски округли очила за сонце имаат ретро изглед, а првично биле носени од легендарни музичари кои биле инспирирани од контра-културата во 60тите години од минатиот век. Round Metal очилата за сонце, не се само иконски. Тие додаваат храброст на Вашиот изглед со темните стакла и тенките рамки.
Состав: Метал, стакло, пластика.
Целосно металниот овален дупол мост повторно создава ДНК дизајн на целосно новa Ray-Ban икона, рушејќи го концептот на иконските дизајни со револуционерна изјава за задолжителен стил. Овој модел кој лесен за носење, изразува современа појава која не познава граници. Достапен во повеќе бои и дезени.
Состав: Метал, пластика.
Ray-Ban Clubmaster Classic иконските очила се ретро и безвременски. Инспирирани од 50тите, овој непогрешлив дизајн е носен од културолошките интелектуалци, оние кои ја променија иднината. Бидете сигурни дека со овој модел секогаш ќе оставите впечаток.
Состав: Метал, стакло, пластика.
Нов облик се придружува на семејството Ray-Ban General. Овој карактеристичен модел се одликува со детали кои оставаат потпис со изразен двоен мост и впечатливи леќи. Видно поле, обложено со шестоаголни пластично обложени метални рамки е гаранција за инстант впечаток.
Состав: Метал, стакло, пластика.
Како секоја ѕвезда која паѓа, така и Meteor остава трага. Достапен во црна или “Хавана“ варијанта. Овој безвременски модел, инспириран од 60тите го карактеризираат ултра модерни рамки, изработени од нов, сјаен, транспарентен материјал - ацетат.
Состав: Ацетат.
“Винтиџ“ стилот се враќа од архивата на храбри коцкести модели, за елегантен имиџ. Овој модел кобинира класични бои кои го прават перфектен за секоја пригода. Поголеми од вообичаените модели, тие се дизајнирани да задржат внимание.
Состав: Ацетат.
Кој вели дека уличниот стил не треба да е разновиден? Ray-Ban ни ги претставува моделот RB3530, со свеж изглед, подготвен за работа.Неговите квадратни рамки со двојни мостови имаат иновативна машка привлечност и се изработени со метал и најлон влакна.
Состав: Метал, најлонски влакна.
Што се добива кога ќе се вкрстат круг и квадрат? Се добива шестоаголниот модел RB3548N - еволуцијата на округлите модели со рамни кристални леќи. Оваа хексагонална тркалезна метална форма има тенки профили и рамни кристални леќи на класично злато варијанта, со екстремно тенки рамови.
Состав: Метал, стакло.
Ray-Ban - General е вистинското славење на иконскиот дух на Ray-Ban. Храбриот и непогрешлив дизајн оргинално е создаден во 1987 како посвета на духот на Генерал Даглас Мекартур. Денес овој модел е минимално реинтерпретиран а сепак останувајќи му верен на духот на Aviator.
Состав: Метал, пластика.
Моделот General добива трендовско освежување со модерна “Blaze“ конструкција. Оставете впечаток со храбрите рамни стакла монтирани на квадратни рамки со карактеристичен дупол мост.
Состав: Метал, пластика.
Со рамни завршетоци на леќите и рамен дупол мост, овој унисекс модел го враќа во мода “маска“ стилот. Тоа е стил кој двои од сите други.
Состав: Метал, пластика.
Директно од архивите на ‘90тите , “винтиџ“ рамките на моделот “Frank" перфектно додаваат зачин на сечиј изглед.
Состав: Метал, пластика, стакло.
Ray-Ban Justin се можеби очилата со најкул изглед од колекцијата на сончеви очила на Ray-Ban. Инспирирани од иконските Wayfarer сончеви очила, овој модел беше редизајниран со минимално поголеми правоаголни леќи и свежи рамки.
Состав: Пластика.
Ray-Ban Erika RB4171 очилата за сонце се перфектен аксесоар кој ќе комплетира сечиј изглед. Со својот изглед, Ray-Ban Erika моделот ќе го издвои Вашиот изглед од толпата.
Состав: Пластика, метал.
Ray-Ban Ви претставува сончеви очила создадени за иднината а подготвени да бидат носени денес. Дефинирани од коцкеста форма и иновативна конструкција, овие ултра лесни очила се направени од силни материјали со лесна тежина, кои гарантираат удобност преку целиот ден.
Состав: Пластика, метал.
Со беспрекорна интеграција на “Blaze“ леќите на пластика, овие скоро невидливи рамки на крајот оставаат непогрешлив и храбар впечаток.
Состав: Пластика.