CARRERA

очила за сонце

CARRERA 152/S

Овој машки модел го освежува класичниот Carrera navigator облик, со модерен дизајн и целосно нова игра на бои. Нерѓосувачкиот челик и рамката од ацетат на горниот дел даваат силен карактер, задржувајќи го познатиот Navigator облик.

CARRERA 151/S

Овие унисекс очила вметнуваат модерен стил во класичниот Carrera изглед. Ултра лесните очила изработени од нерѓосувачки челик, презентираат овални рамки од ацетатна пластика. Воедно тие се карактеризирани како “bestsellers“ очила за сонце на Carrera.

CARRERA 207/S

Успешната приказна на “Carrera’s Tank“ шарите продолжува со овој коцкест модел. Резултатот останува вкоренет во перформансите, практичноста и смелиот современ стил на Carrera, како што презентира овој метален пар со карактеристични спојлери на страните за дополнителна доза на карактер.

CARRERA 218/S

Овој модел со коцкести рамки ја слави една од најкарактеристичните одлики на Carrera - шарениот преден дел. Создадени од лесен ацетат, моќниот профил на очилата спојува испробан и докажан комфорт со младешки став.

CARRERA 1024/S

Иконскиот “C” дизајн на Carrera инспирира нов стандард кај модерните очила. Силната метална структура на овие коцкести очила е истакната со вдлабнатото C-лого кое се смета за потпис на новата сезона, како и градацијата на леќите, типични за носечките модели на Carrera.

CARRERA 8032/S - Carbon Fiber

Целосно нова конструкција од јаглеродни влакна и коцкеста рамка станува уште една определба за нов тип на очила кај Carrera. Екстремно силни а сепак лесни. Овде, иноватинвниот материјал е инкорпориран во рамката, кој гарантира удобност, носејќи ги овие очила со поларизирани леќи.