Оптика Призма е основана во 2018 година. Приказната ја започнавме по аквизирано 15 годишно искуство во областа на оптометријата и продажбата на очила и очни помагала. Нашата оптика е множество од искуства стекнати низ годините, во полето на заштитата на видот, изработката на оптички стакла, помош при одбирање соодветни очила и пружање квалитетна услуга на купувачите. Желбата да обезбедиме јасен вид, заштита на очите и насмевка на лицата на нашите клиенти нѐ инспирираше да започнеме да пишуваме едно сосема ново поглавје за нас.
Денес, Оптика Призма подготвува уште една локација, каде ќе ги пречека оние кои имаат потреба од чист вид и квалитетни решенија во областа на оптиката!
Нашиот оптометрист- контактолог е целосно посветен на обезбедување најсоодветни решенија за потребите на клиентите. Нашите колеги се целосно свесни дека одличната услуга ќе резултира со задоволство кај клиентот, и поради тоа се подготвени да обезбедат услуга на највисоко ниво, притоа трудејќи се тоа да биде различно искуство.
Призма располага со најсовремената технологија за изработка, монтажа и оддржување на оптички помагала. Нашата апаратура е произведена од реномирани европски производители на оптометриски машини и апарати. Следејќи ги најновите светски трендови на оптометријата, тимот на Призма е обучен да ги изработи и монтира и најкомплицираните оптички или сончеви стакла.
Во Оптика Призма можете да сретнете огромен избор на оптички рамки, сончеви очила, контактни леќи и течности од добро познатите светски брендови и производители, и тоа: